Облека и обувки кои треба да ги исфрлите од вашиот орман по триесеттата година
Сè уште не ви е јасно зошто 30-тиот роденден толку многу влијае врз состојбата на вашиот ум? Често, луѓето токму во овој период од животот престануваат да бидат робови на лошите навики и одлуки во кои спаѓаат и некои нивни модни избори.
Во текстот подолу, проверете што треба да исфрлите од вашиот орман по 30-тата година.
Облеката во која не се чувствувате добро
Не е важно дали им се допаѓа на другите, клучно е дали вие ја сакате. Ако едноставно не се чувствувате добро во одредени парчиња облека, тогаш ослободете се од нив. Не принудувајте се да носите „тренди“ облека што воопшто не соодветствува со вашиот личен вкус. Триесеттите години се совршено време во кое треба да го дефинирате вашиот стил и да уживате во модата. Добро сочуваната облека секогаш може да се донира и да израдува некој друг.
Облека што очигледно не ви прилега
Старите пантолони кои ви се премногу тесни во никој случај не се добар избор. Нема начин како да ги преправите, за тие повторно да ви прилегаат. Облеката со несоодветен конфекциски број едноставно не ни одговара. Друг проблем се и премногу старите парчиња облека што ги чувате во плакарот со надеж дека еден ден повторно ќе ги носите, а многу добро знаете дека веќе нема да ја имате телесната тежина која ќе ви овозможи да ги облечете. Не го преполнувајте вашиот орман со бескорисна облека што не ја носите и тргнете ги парчињата облека кои не се соодветни за вашата фигура.
Обувки кои „болат“
Има убави обувки со високи потпетици од кои нозете нема да ве болат, но тоа не ве спречило поголемиот дел од вашите дваесетти години да го поминете во непријатни модели што предизвикуваат болка и плускавци. Истото важи и за обувките со целосно рамни стапала што предизвикуваат спуштање на стапалата и други ортопедски проблеми. Ослободете се од чевлите кои се штетни за здравјето на вашите нозе, затоа што триесеттите години се периодот во кој треба да престанете да страдате заради убавината и изгледот.
Можеби сакате да ги прочитате и стилските совети од најголемите модни експерти.