Новогодишни напивки за слабеење: Како најбрзо да ги загубите непотребните килограми?
Чаевите за слабеење се секогаш актуелни, но бидејќи можете да ги направите дома, домашни и природни, воопшто нема потреба да ги купувате.
1. Чај за слабеење
Измешајте еднаква количина рузмарин, коприва, глуварче, бреза, коњско опавче, тегавец и анасон и ставете ги во некој сад.
Употреба: Сипете 3 до 4 супени лажици во 1 литар врела вода. Преклопете ги, оставете ги да отстојат 15 минути и прецедете ги.
Совет плус: Пијте 1 литар од оваа чајна мешавина на ден заедно со 2 шолји зелен чај.
2. Чај од коприва
Употреба: Една до две чајни лажици сушен лист од коприва прелијте ги со 250 милилитри врела вода. Оставете го да отстои 5 минути, па процедете. Ова е доволно за една шолја чај.
Совет плус: Со тоа што ќе ослабете, вашето тело ќе доживее потполна преобразба поради внесувањето на копривата. Со копривата ќе го намалите крвниот притисок, ќе ги исчистите крвните садови од холестерол, но и ќе го забрзате метаболизмот.
3. Зелен чај
Зелениот чај може да помогне во губењето на килограмите само со редовно консумирање. Тој е природен антиоксиданс кој го регулира варењето, ги топи масните наслаги, и го буди организмот.
Употреба: Зелениот чај обично се зема во дози од 300-400 милиграми полифенол (активни супстанци во зелениот чај) дневно. Една шолја чај содржи од 50 до 100 милиграми полифенол.
Совет плус: Ако се одлучите да ослабете со помош на чај, задолжително регулирајте ја вашата исхрана. Не можете да очекувате чудо ако самите не создадете чудо! Пиењето голема количина на чај бара намалување или целосно исфрлување на кафето. Чајот содржи кофеин, па доколку пиете и кафе, вашето тело ќе доживее шок.