Новогодишни колачиња со ванила и бадеми

Новогодишни колачиња со ванила и бадеми

Разубавете ја вашата новогодишна трпеза!

Новогодишни колачиња со ванила и бадеми

Потребни состојки:
За колачињата:
  • 350 грама брашно
  • 55 грама шеќер
  • 60 грама бадеми, иситнети
  • Прстофат сол
  • 200 грама несолен путер
  • 2 жолчки од јајце
  • 1/2 екстракт од ванила
  • 40 милилитри вода, оладена
За филот:
  • 250 грама шеќер
  • 1 белка од јајце
  • 1/2 лажица лимонов сок
Начин на подготовка:

Ставете ги брашното, шеќерот, солта, бадемите и путерот во сад и со електричен миксер или процесор за храна матете на ниска брзина сè додека смесата не почне да личи на трошки леб. Додајте ги жолчките од јајцето, ванилата и студената вода додека сè уште матите. Продолжете додека не се формира тесто. Поделете го тестото на половина и обликувајте ги во форма на диск. Покријте ги и ставете ги во фрижидер околу 2 часа.

Кога ќе бидете подготвени за печење, загрејте ја однапред рерната на 180 степени и поставете хартија за печење на неколку тепсии. Извадете го тестото од фрижидер и дозволете му малку да омекне. Со сукало израмнете ги двете теста сè додека не добиете дебелина од околу 3 милиметри. Потоа изберете ја формата во која сакате да ви бидат колачињата и исечете ги. Соберете ги остатоците и повторете го процесот додека не го искористите целото тесто. Тоа знае да биде многу лепливо, па работете брзо.

Поставете ги колачињата на подготвените тепсии и секоја тура печете ја околу 15-20 минути или сè додека не добиете златна боја на колачите. Кога ќе завршите, дозволете им да се оладат над хартијата за печење.

За да го направите филот, сипете го шеќерот во сад. Ставете ја белката во посебен голем сад и додајте 1 лажица од шеќерот. Со помош на дрвена лажица, мешајте сè додека не добиете мазна паста. Продолжете да го додавате шеќерот, лажица по лажица, добро мешајќи по секоја доза. На крај, додајте го и лимоновиот сок. Со добиениот фил можете да ги декорирате вашите колачиња.

Овие колачиња, во добро затворен сад, можат да траат и до 2 недели. Од оваа смеса можете да добиете 50-тина колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар