Новогодишна инспирација: Цветови како украс за новогодишната елка!

Новогодишна инспирација: Цветови како украс за новогодишната елка!

Без разлика колку години имате и во која животна доба моментално се наоѓате, сите ние ги сакаме новогодишните празници, бидејќи освен што и во самиот воздух се чувствува посебно, свечено расположение, тука се и преубавите декорации на градовите и куќите. И вие сигурно овие денови размислувате како да ја украсите вашата новогодишна елка, како да ја направите малку поразлична, а дека тоа можете да го направите со цветови со сигурност не ви паднало на памет. Топчињата, лампионите и светилките се задолжителни, а заедно со сето тоа може да додадете и цветови кои ќе создадат навистина занимлив и необичен изглед на вашиот дом.

1-novogodishna-inspiracija-cvetovi-kako-ukras-za-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

1. Може да се одлучите за цветови кои се направени од хартија, некој материјал, сушени, а секако најубаво е кога на елката ќе ставите декорации од свежи цветови, бидејќи даваат навистина посебен изглед и магичност кој ниту еден друг украс не може да го создаде.

2-novogodishna-inspiracija-cvetovi-kako-ukras-za-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

2. Елката „сака“ пошарени украси, па зошто тоа да не бидат вашите омилени цветови во различни бои, што ќе ѝ даде една посебна нота.

3-novogodishna-inspiracija-cvetovi-kako-ukras-za-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_ 4-novogodishna-inspiracija-cvetovi-kako-ukras-za-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

3. Доколку декорирате со суви цветови, тогаш може да постигнете елегантен, но и доста луксузен изглед.

5-novogodishna-inspiracija-cvetovi-kako-ukras-za-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

Преминете на наредната страница за повеќе инспиративни идеи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар