Новогодишен крем за збогатување на вкусот на сите видови колачиња
Започна периодот од годината во кој сите сме расположени за вкусни десерти
Потребни состојки:
- 300 грама бисквити
- 100 путер
- 20 грама мед
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 100 милилитри млеко
Начин на подготовка:
Искршете ги бисквитите на ситни парчиња и ставете ги во блендер за да ги претворите во трошки. Потоа стопете ги путерот, медот, ванилата и млекото на среден оган, па варете додека не се соединат сите состојки. Кога ќе добиете хомогена смеса, додајте ја во бисквитите и повторно вратете ја во блендерот. Текстурата на кремот треба да биде мазна, како на Нутела или на путер од кикирики.
Ако добиете премногу густа смеса по ваш вкус, слободно додајте повеќе млеко. А ако сакате да биде погуста, тогаш ќе ви требаат повеќе бисквити.
Префрлете го кремот во стаклена тегла и добро затворете. Чувајте го на собна температура, до 5 дена. Ако го ставите во фрижидер ќе се стврдне и нема да биде толку вкусно. Ако сакате да го проширите новогодишниот дух, декорирајте ја теглата и изненадете ги вашите гости.
Послужете со какви било колачиња.
Пробајте ја и наједноставната крем торта со кафен шеќер.