Ново vs. половно… Проблем?

Ново vs. половно… Проблем?

Ново утро, нов ден, нови мисли, секојдневни актови. Без влакна на јазик, без никакво двоумење, денес ќе ви зборувам за она што неверојатно ме иритира во последниов период. Едукација. Каква едукација? Стара едукација. Едукативен систем на една стара баба, како што си кажа Сашко Коцев на овогодишната „Златна буба мара на популарноста“, која впрочем навистина ми се допадна. Конечно беа доделени награди на луѓе кои ги заслужуваат… за да станеш фраер во маало ти треба нова кола, а за нова кола многу пари, а зошто многу пари, кога има половно?Ново vs. половно... Проблем?Епа така и со нашиов едукативен систем. Наместо да се следат временските обнови кои навистина не се, народски кажано, за фрлање, нашиве институции си остануваат на оној систем кој си го воделе пред, благо речено, еден век. Им се нудат нови системи на работа, не само на професорите, туку и на студентите. Што се случува со тие проекти? Фаќаат прашина, корозираат, како маскотите на Скопје, лавовите во центар. Зборот ми е, ако го правиш, прави го до крај како што треба, не е убаво да си замачкуваме очи.

Нашите мозоци можат да примат сè и сешто, но зошто мора да се труеме со валкана вода кога учиме за иднината. Не велам дека не треба да се споменат примери од минатото кои не довеле до тука, но една цела книга? Па сметам дека не е во ред јас и дедо ми да ги имаме учено истите работи. Светот се врти, нови работи не претекнуваат секој ден. Доста е од живеење по стари примери, нови секојдневно ни се на видик.

Каков е тој факултет за дизајн, каде не се учат основните алатки за работа? Среќа постојат Youtube-туторијали и среќа имаме желба да научиме, па некако вадиме крај со крај… Ќе влегуваме во Европска Унија? Нема да влегуваме! Не со ваков едукативен систем. Можеби некои од вас нема да се согласат со мене, ама јас ќе кажам, тоа е затоа што навиките тешко се менуваат. Навикнати да трчаме за скрипта, навикнати да чекаме долги саати за еден потпис, си стигнал на ред, на ценетите им е време за пауза??? Сакаат одговорност од наша страна? Сакаат почит? Моментално ја имам само за малкумина, за оние двајца-тројца кои успеале да останат достојни на својата професија. Пари, пари, пари. Сè се врти околу нив за жал. Платени книги, дадена сума која во едно просечно семејство го носи јадењето на маса месечно, а од тие книги ни глас! Зошто нема книги? Никој не го знае одговорот. Епа не драги мои, ние „не пасеме трева“.

Сите ги знаеме дупките во нашите едукативни институции. Јас споменав само зрно од она што се случува. Жално е што на голем дел од предавањата на нашите факултети, студентите спијат. Но, тоа е реалноста… Ако некој не знае како да ти го испрезентира своето, тогаш си му досаден. Треба да гледаме што се случува во светот, треба да ги следиме оние кои се пред нас, да се обидеме да ги надминеме. Постојат начини да го одржиш и најдосадното предавање, а никој да не заспие. Креативноста секаде ја има, но малкумина ја гледаат и употребуваат. Јас сум само еден мал глас кој сака многу работи да бидат сменети. Сите сакаме многу работи да бидат сменети… Молк. Каде е проблемот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Сметам дека проблемот не стартува од високото образованите, корените се уште во основното. Тие наставници кои одвај ги положиле испитите по некоја “случајност” им предаваат на иднината, оние кои биле цел живот понапред со знаење седат дома уништетни од системот. Никој не го интересира интелектуалниот развој на децата, го интересираат само парите и моќта. Неможи со подобрување на високото образование да се постигни голема разлика затоа што неможиш да го ставиш на прав пат оној што 20 години одел по погрешниот! Треба на детето поточно тинејџерот во развот да му се покажат вистинските вредности во животот, за тој понатаму да може правилно да се оформи како човек, а и со таква група на луѓе-интелектуалци (не поедници) државата да напредува. Додека не сватат луѓето дека со ваквите навики, ништо не се може нема да мрдниме од место.

    ПС. Имам 13 години.

  2. Она Reply

    Зошто молк? … не забележуваш дека кој и да каже нешто против тоа го затвараат? Коментарите после буба мара беа .. „Ќе го јаде сашко“ … Зошто? Па нормално зошто ја кажа вистината 🙂 … А за Европска Унија … што ќе ни е таа бе? Да не уценува да го смениме името за да не упропасти? Ма ајде … гледам бугарија цвета што е у европска унија … а за грција да не зборам … и сите такви …

  3. Марија Reply

    Потполно се согласувам со Ивана, уште од основно ги сакатуваат децата. Полагањето на испитите нема врска, проблемот е што за кадар во основно примаат од секакви факултети каде што не научиле скоро ништо. И не се работи тука само за приватни факултети, има и државни кои се на истото ниво со приватните. Доколку ученикот има предзнаења за некој предмет, наставникот му е секогаш предмет на потсмев.

  4. Micho Reply

    „Епа не драги мои, ние „не пасеме трева“.“
    – Не! Ние ја пушиме.

Остави коментар