Новиот тренд на Тик Ток: Рецепт за „облак леб“

Новиот тренд на Тик Ток: Рецепт за „облак леб“

За време на карантинот многумина започнаа со повеќе готвење, а некои дури пробаа и многу нови рецепти. Така и овој рецепт за леб кој личи на облак го пробал еден корисник на Тик Ток, а неговото видео собрало дури 4 милиони лајкови.

Лебот изгледа многу нормално однадвор, но одвнатре е мек како перница и светло син (или според бојата која ќе решите да ја додадете).

Погледнете го видеото и рецептот и пробајте да го направите и вие.

@abimhncloud bread!!! dope recipe from @linqanaaa ##cloudbread ##MyBFF ##foryou ##fyp ##bakingrecipe ##homemade ##homechef ##clouds ##avatar ##cake ##meringue

♬ Steven Universe – L.Dre

Потребни состојки:

  • три белки од јајца
  • 10 г нишесте
  • 30 г шеќер
  • екстракт од ванила
  • боја за храна по избор

Начин на подготовка:

  1. Разбијте ги белките од јајцата додека не добијат меурчиња, а потоа додајте го нишестето и шеќерот.
  2. Разбијте ја смесата со миксер за да добиете шлаг.
  3. Додајте боја по избор и екстракт од ванила.
  4. Пред да ја ставите во рерната, направете форма по избор и ставете на хартијата за печење.
  5. Печете за 25 минути на 150 степени.

Погледнете кои се 5-те најгледани видеа на Тик Ток со совети за чистење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар