Тренд кој брзо ги освојува љубителите на незадолжителниот секс: Секс за пола вечер

Новиот тренд кој брзо ги освојува љубителите на незадолжителниот секс: Секс за пола вечер

На сите им е познат терминот „секс за една вечер“, а многу од луѓето и го искусиле. Но, во последно време, младите сѐ почесто имаат „секс за пола вечер“ уште познат како „half night stand“. Еве за што станува збор.

0-noviot-trend-koj-brzo-gi-osvojuva-ljubitelite-na-nezadolzhitelniot-seks-seks-za-pola-vecher-kafepauza.mk

„Сексот за пола вечер“ е сѐ пораширен тренд и феномен помеѓу помладите сексуално активни девојки и момчиња. Ако се прашувате што е тоа, тогаш ние сме тука да ви го дадеме одговорот.

„Сексот за пола вечер“ е всушност „секс за една вечер“ кој неславно завршил. За разлика од некогашните дами, девојките од новите генерации немаат ни нерви ни време за губење со момци кои не им одговараат во кревет или се премногу пијани за акција.

Затоа, ако видат дека нештата не се одвиваат како што треба, тие не го дочекуваат ни утрото, нити пак чекаат момците да заспијат за потоа кришум да се искрадат среде ноќ, туку ги сечат нештата директно во коренот.

Ако треба, тие дури ги собираат нивните парталчиња и заминуваат на сред лош секс. Во 2011 година, особено со растот на популарноста на социјалната мрежа Тиндер – апликација за незадолжително мување со луѓе во близина, овој феномен го добил и своето име „секс за пола вечер“.

Додека кај мажите е вообичаено да заминат одма после оргазам, жените заминуваат затоа што не го добиле тоа што го сакаат. Со други зборови, штом сфатат дека нема да го добијат тоа што го сакаат, дамите истата секунда си заминуваат дома – за и себеси и него да го поштедат од срам.

На момците воглавно не им смета ваквото однесување, но сепак им е криво што немаат друга прилика да се покажат и да ги исправат работите затоа што таа девојка никогаш повеќе нема да им даде шанса.

Ваквиот секс е најпопуларен помеѓу 20-годишните, но и постарите веќе почнуваат да го прифаќаат ваквиот тренд. Во 21 век, сексот без обврски е нешто во кое многу луѓе уживаат, па затоа овој тренд станува сѐ попопуларен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар