Нови женски парфеми за оваа сезона
Погледнете кои примамливи мириси ја обележуваат оваа сезона есен/зима:
.
Love, Chloé
Овој прашкаст и цветен парфем е како портокалов букет од ирис, јоргован, зумбул и вистерија, во кој се насетуваат земјени ноти на бадем и ванила, како и ноти на мускета и оризов прашок. Овој парфем може да се купи на Saks Fifth Avenue, а во февруари 2011 година ќе биде достапен во големопродажба.
.
Byredo Accord Oud
Главната нота која доминира во овој парфем е oud – древно дрво од Индија. Во парфемот се чувствуваат мириси на боровинка, шафран и рум, топли мириси на кожа, пачули и правлив муск.
.
Christina Aguilera и Christina Aguilera By Night
Пејачката Кристина Агилера претставува два нови мириси и тие мирисаат навистина жешко. Првиот, By day, нуди полни мириси на егзотично овошје, шербет, мандарина, црна рибизла, божур, јасмин, слива, килибар, крем од ванила и мошус. Вториот, By night, изобилува со опојна ванила, килибар, праска и мајски цвет. Овој парфем е веќе во продажба во продавниците Kohl’s.
.
Acqua di Parma Magnolia Nobile (лимитирана едиција)
Одбележувајќи ја првата годишнина на Magnolia Nobile, Acqua di Parma го издаде своето лимитирано издание на шишенце парфем, инспирирано од Арт Деко-ерата. Парфемот го красат чисти мириси на магнолија. Може да се најде во продавниците: Barneys New York, Saks Fifth Avenue, Neiman Marcus и Holt Renfrew.
.
Kilian Love & Tears, Surrender
Ова е последниот парфем од колекцијата парфеми Kilian Hennessy’s Love кој не смее да се пропушти. Парфемот е пуштен во продажба од септември. Изобилува со мириси на јасмин, бергамот, портокалови цветови и иланг-иланг. Hennessy, креаторот на овој парфем истиот го опишува како квартетен комплекс бидејќи ја означува комплексноста на емоциите кои се чувствуваат во една љубовна врска. Тој за парфемот вели дека е шишенце полно со солзи и смеа.
.
Bond No. 9 Washington Square
Овој парфем, именуван по паркот во Њујорк, може да се најде во продавниците од ноември, оваа година. Изгледот на шишенцето е инспириран од Триумфалната капија, а во него се наоѓаат мириси на париска пурпурна роза и тарагон.
.
Space NK Laughter Nuit
Во овој парфем ќе почувствувате слоеви од грејпфрут, бергамот, шафран и цимет. Кога ќе се шприцнете еднаш од овој парфем, тој за миг ќе ве однесе на романтична вечера во Мароко.
.
Ineke Gilded Lily
Овој парфем е создаден од Ineke Rühland. Парфемот опива со мирисите на јапонски крин, пачули, даб и килибар. Инспирација на Ineke за овој парфем дошла веднаш откако посадила азиски цвеќиња во нејзината градина.
.
Dior J’Adore L’Or
Овој парфем е ориентална интерпртација на класичниот J’Adore. Неповторливиот спој на ванила и мајска роза е вистински пресврт на верниот оригинал на Диор.
.
Vera Wang Anniversary
Вера Ванг го создаде овој парфем со цел да ја одбележи дваесет-годишната работа во модната индустрија. Во овој парфем совршено се извртуваат љубовта и среќата, со меки ноти на роза, гарденија и портокалови цвеќиња, и основни елементи на мускот, перунинката и кедровото дрво.