Нови трендови за оваа есен што целосно ќе нѐ освојат
Со оглед на тоа дека температурите барем малку опаднаа, иако можеби тоа е привремено, сепак добро е да погледнете што ќе се носи оваа есен, односно на време да се запознаете со новите есенски трендови. Многу брендови веќе открија дел од своите есенски колекции, што значи дека е сосема во ред и ние да ја отвориме оваа тема. Ова се само неколку од многубројните парчиња облека и модни додатоци кои со промената на годишното време ќе се најдат „на улиците“.
1. Одело
Ова е секако парче облека кое никогаш не излегло од мода, но сега модните правила малку се променија. Наместо класични обувки со висока потпетица, со оглед на тоа дека сега е актуелно мешањето на повеќе стилови, комбинирајте сако и панталони со патики за да постигнете спортски шик. Додајте златен часовник и чанта со златно синџирче.
2. Фустани на преклоп
Овие фустани дефинитивно се враќаат во мода! Надополнете го со впечатливи обувки, кожна јакна или можеби и крзно. Овој фустан ќе биде апсолутен хит за оваа сезона, без разлика дали ќе го облечете за прошетка низ градот, за во ресторан или за во некоја дискотека.
3. Големи обетки
Кога станува збор за накитот, акцентот е ставен на обетките. По можност на оние големите и впечатливите. Доволно е едно впечатливо парче накит да ја претвори вашата модна комбинација од обична во атрактивна и модерна. На пример ваквиот модел на обетки од пламенит метал дава еден вид архитектонски ефект на вашиот изглед.
Продолжете на следната страница за останатите есенски модни трендови…