Нови светски трендови во вежбањето и исхраната
Доколку се сеќавате, пред неколку години во тренд беа зонската диета и УН диетата, а во фитнес центрите на големо се танцуваше зумба и се вежбаше пилатес. Денес, во мода е безглутенската исхрана, како и зелените смудиња, трчањето… Иако претходно набројаните трендови и денес се здрави и делотворни, останува фактот дека повеќе од нас се подлежени на новите револуционерни начини за слабеење и доведување на телото во фит форма. Но, она што е најважно во сето тоа, без разлика дали е ново или старо, во тренд или не, е тоа да функционира. Ако сепак сакате да бидете во тек, еве кои трендови врзани за здравата исхрана и вежбањето ќе го окупираат поголемиот дел од западниот свет оваа година.
Бокс – Најверојатно еден од најстарите спортови во светот, но сега го прифатија и девојките – актерки, пеачки, супермодели…
Витамини – Во мода се новата генерација на витамини кои не само што го подобруваат нивото на енергија и ја имаат потребната хранлива вредност, туку исто така изобилуваат со транспарентност кога се во прашање состојките од кои се произведени – нема ГМО, вегански се и не содржат никакви алергени.
Протеински додатоци – Ниту протеинските додатоци не се некоја новост, но на пазарот излегоа нови продукти против стареење, за добросостојба и други здрави додатоци кои се ставаат во овошните и шејковите од зеленчук, а ги нарекуваат „пудра за внатрешна убавина“.
Мача зелен чај – Станува збор за кинески зелен чај со врвен квалитет, од кој се приготвуваат чаеви, смуди, шејкови, сокови, сладоледи… накратко, сѐ што е зелено!
Качување по карпи – Качувањето по вештачки капри на отворено или затворено е новиот апсолутен хит за фит форма и јакнење на мускулатурата.
Адаптогени – Последните неколку години ги користат најголемите заговорници за здрав живот, но нивниот начин на примена не бил никогаш толку широк како што е денес. За оние кои не знаат, станува збор за мешавина од разни природни состојки, односно билни природни препарати кои помагаат во намалувањето на стресот и го зголемуваат нивото на енергија. Се додаваат во разни пијалаци, јадења и друго.
Смрт за диеталните пијалаци – Консумирањето пијалаци без шеќер во светот драстично опаѓа, без разлика дали станува збор за газирани или негазирани. Всушност, докажано е дека тие во ниту еден облик не се здрави, ниту пак можат да помогнат во намалувањето на тежината.
Фитнес мерачи, часовници и пулсометри – Иако многумина пред нив и тоа како ефикасно вежбале и постигнувале одлични резултати, некои нови истражувања покажале дека мерачите ги тераат своите сопственици да ги поместуваат своите граници на издржливост, со што се постигнуваат подобри резултати отколку без нив.