Нови информации што наскоро би можеле да ги прочитаме на етикетите за храна и пијалaци
Земјоделството е под големо влијание на глобалните емисии на стакленички гасови, исто како и производството на облека или патувањето по воздушен пат. Секој од нас, преку својот избор, влијае на здравјето на планетата со својата јаглеродна трага, односно со сопственото штетно влијание врз климатските промени.
Сите знаеме дека љубовта кон слатките, но и кафето, месото и оризот доаѓа со сериозни последици врз околината, но оние кои сакаат да ги намалат трагите од јаглерод, можат да го сторат тоа на многу начини. Изборот на овошје и зеленчук кои се локално одгледувани, консумирање повеќе пилешко месо отколку телешко или избор на риба одгледана според принципите на одржлив риболов се некои од начините на кои можеме да направиме помалку штета врз животната средина.
Еден од позитивните трендови во производството на храна се подготвува веќе некое време, а тоа е нова информација за декларациите што ќе нè информираат за отпечатокот на јаглерод од поединечни артикли. Некои компании веќе практикуваат ваков вид транспарентност, а студиите покажаа дека сè повеќе потрошувачи се заинтересирани за штетните ефекти врз животната средина, отколку за бројот на калории на етикетите. Според едно европско истражување објавено во декември минатата година, GlobalData, сугерира дека 41 процент од Европејците се грижат за нивниот отпечаток на јаглерод и сè повеќе се заинтересирани за самоодржливо, како и за етичко производство, што секако е добра вест.
Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако секое утро додавате јаворов сируп во вашиот појадок?