Новата спортска колекција на Victoria’s Secret
Автор: Моника Трајковска
Најголемата инспирација на Victoria’s Secret е љубовта кон долната облека и желбата да донесат убавина и фантазија во изгледот на секоја девојка. Тие веруваат дека малите додатоци се од голема важност и дека тоа што е најблиску до вашето тело е најблиску и до вашето срце. Со таа цел ја дизајнираа нивната досега најсекси спортска колекција. Оваа облека истовремено нуди удобност и совршен изглед на вашето тело за време на џогирањето или тренингот во теретана.
Колекцијата VSX (Very Sexy Sport) ги содржи и новите хеланки специјално дизајнирани за секси обликување на вашиот задник. Еве еден мал дел од нивната колекција и доколку ве интересира нешто повеќе, посетете го нивниот официјален веб-сајт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.