Новата колекција на Moschino – Cheap & Chic Resort
Дизнајнерите во последно време сè почесто ни нудат можност да погледнеме во нивните најнови креации, а овој пат тоа го направија и „Moschino“ со нивната колекција Cheap & Chic Resort 2013. Колекцијата опфаќа весели, винтаж парчиња и дефинитивно ќе ве инспирира за некоја нова и интересна комбинација која може да го размрда вашиот стил ова лето. Она што лесно може да се забележи е преклопувањето на неколку различни стилови кои на крајот создаваат единствен, шик изглед со кој дефинитивно ќе бидете забележани.Парчињата овозможуваат нивно лесно комбинирање поради летните и нежни бои и материјали, а со самото тоа и полесно можете да ја пронајдете онаа единствена комбинација која како да е создадена за вас. За разлика од повеќето модни дизајнери кои во секое парче облека бараат елеганција, брендот „Moschino“ овој пат мудро ги спои разиграноста на морнарскиот стил и опуштениот британски изглед, а резултатот е дефинитивно нешто кое што би го носеле на релаксиран, летен ден.Уште еден голем плус на колекцијата е што дизајнерите не се задржале само на строгите линии и модели, тука и девојките со најопуштен моден стил можат да си пронајдат некоја цветна, разиграна маичка или широки, лесни панталони. Секако, неизоставен дел се и модните додатоци, од интересни шапки, очила и чанти, па до феноменалните чевли. Сето ова со неограничени можности за летни комбинации ја прави самата колекција апсолутен летен хит. Го пронајдовте ли вашето омилено парче?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ja gledav …mn e dobra osobeno new york delot…mada vie ovde imate mn malku izlozeno