Нова сезона – нови трендови за коса!

Нова сезона – нови трендови за коса!

Новата модна сезона е во тек и конечно можеме да ги испробаме сите трендови кои ги видовме во февруари и март оваа година на модните писти на познатите модни куќи и кои со нетрпение чекавме да ги испробаме. Ако сѐ уште не сте го пронашле вашиот совршен стил или пак сакате да го освежите вашиот изглед, погледнете кои фризури се актуелни за сезоната есен/зима 2015. И да, слободно експериментирајте!

1-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Фризурата која и оваа зима ќе биде актуелна е коњското опавче. Неуредно, благо поткренато опавче, предлагаат Алберта Ферети и Мајкл Корс. Додека пак, Диор, Никол Милер и Бос избираат строга, класична варијанта која модната куќа Каролина Херера ја освежи со металик украс, а Дерек Лам со кожна шнола во јапонски стил. Ако сакате гламурозен изглед, комбинирајте пунџа и опавче како што тоа го претставија Херви Леџер и Ерин Фидерстон на своите ревии.

2-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Веќе се навикнавме ревиите на Долче & Габана да бидат запомнети не само по гардеробата, туку и по деталите за коса. После свилените марами, круни и банкноти вплетени во косата, за сезоната есен/зима 2015, тие предлагаат цвеќе за коса. Освен нив, Прада исто така нуди интересни аксесоари за коса во вид на раскошни шноли поставени од страна, веднаш над увото, кој ќе го претворат секој изглед во елеганција.

3-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Ефектот на мокра коса или таканаречениот „wet look“ е идеален за врелите летни денови, а додека за ладните доаѓа во вид на пола-пола. Односно, само горниот дел од косата е зачешлан во овој стил, додека долните краеви слободно паѓаат. Со малку труд можете да имате фризура каква што видовме на ревиите на Дона Каран, Зек Посен, Кушни Ит Окс, Прабал Гурунг, Емилио Пучи и Дакон.

4-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Пунџата е тренд кој никогаш не излегува од мода, туку само се модификува со текот на годините. А оваа сезона пунџата доаѓа право од модните писти во најразлични облици. Незадолжителни пунџи какви што видовме на ревиите на Диана Вон Фурстенберг, Ј.Џ. Андерсон, Мариса Веб и Изабела Марант ќе ја направат вашата дневна кежул комбинација интересна. Притоа, на вас останува да одлучите колку вашата пунџа ќе биде неуредна т.е. колку прамени наизглед случајно ќе излегуваат од собраната коса.

5-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Викторија Бекам и Вероника Лирои претставија тренди пунџа во вид на опавче заврзано во јазол, додека Марк Џејкобс ја подигна на повисоко ниво поставувајќи ја на врвот на главата, а наменета е за девојки кои сакаат екстравагантен стил.

6-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Ако не можете да се одлучите помеѓу пунџа и плетенка, изберете ја нивната комбинација – Том Форд овие две фризури ги спои во една, додека пак поромантичните дами инспирација може да пронајдат во ревиите на Хермес, Вера Ванг и Џорџо Армани. Иако за нивните фризури треба да бидете доста вешти, тие ќе ве претворат во кралица на стилот и ќе привлечете погледи без разлика каде ќе се појавите.

7-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_

Францускиот шик кој привлече најголемо внимание доаѓа токму од Шанел – благо натапирана коса, обвиткана со едноставна црна лента. Фризурата е инспирирана од стилот на Брижид Бардо, односно фризурата која оваа актерка ја носеше во 60-тите години на минатиот век. Освен Шанел, лентите за коса ги претставија и Фенди, Проенза Шоулер и Хонор.

8-nova-sezona-novi-trendovi-za-kosata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар