Нова пролетна верзија на популарниот рецепт за тестенини со фета

Нова пролетна верзија на популарниот рецепт за тестенини со фета

Во овие месеци на пандемија кои сè уште се одолговлекуваат, ТикТок се појави како една од најсилните социјални мрежи од кои континуирано пристигнуваат популарни видеа, особено во светот на гастрономијата. Едноставните рецепти со сите достапни состојки што резултираат со вкусна вечера или десерт, стануваат нешто што апсолутно сите би го пробале, па затоа сме толку сигурни дека и вие го имате сретнато рецептот за тестенини со фета.

Но, нè погоди оваа необична креација која вклучува, ни помалку ни повеќе – јагоди! Вистинските пролетни тестенини добија надградба за која дури и не знаевме дека ни треба, но навистина ја сакаме. Комбинација од слатки јагоди со солена фета – розови тестенини кои навистина се превкусни!

Во овој случај, блогерот комбинираше јагоди, фета сирење, сол, бибер, маслиново масло и бел балсамичен оцет во огноотпорен сад. Ги печеше состојките 35 минути на 180 степени и во меѓувреме готвеше тестенини од црвена леќа. Кога јагодите и фетата се испечени, се додава свеж босилек и се меша добро. На крајот, се додаваат тестенините и добро се меша уште еднаш. Проверете го рецептот подолу – признајте дека звучи примамливо!

Прочитајте и како да го направите оригиналниот рецепт, односно тестенини со фета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар