Нова опсесија на социјалните мрежи: Неодоливи крофни во форма на цветови!
Ни пристигна уште еден тренд кој можеме да го сместиме на новосоздадената листа на „чудна“, но убава храна. Крофните во облик на ружи ги „преплавија“ социјалните мрежи.
Моментално тие се достапни само во пекарата „Doughnut Plant“ во Њујорк. Овде за прв пат се осмислени, а ние се надеваме дека ќе можеме набрзо да ги пронајдеме и кај нас, бидејќи се шират со брзина на ветрот. Цветниот мотив е направен од тесто, со доста привлечен изглед, па уште сега многумина го копираат.
Крофните во форма на ружи се направени како и обичните крофни од тесто, меѓутоа се разликуваат по својот изглед, но и по својата глазура.
Можете да изберете помеѓу крофните со глазура од јагода, која е подготвена од свежо овошје, глазура со додаток на мирис на роза и цвеќе кое се јаде или пак, со италијанска глазура од црвен портокал.
Кога сме веќе кај слатките, но и „чудните“ трендови кога станува збор за храната, дали би сакале да го пробате црниот сладолед кој е вистински хит за ова лето?