Нова Инстаграм мејкап опсесија која ќе направи веднаш да посакате сладолед
Не знаеме дали сѐ уште треба да се чудиме на Инстаграм трендовите, бидејќи мејкап артистите секогаш знаат да нè изненадат со своите изуми во областа на шминката. Па затоа, решивме сите тие трендови да ги гледаме од друга перспектива, односно од аголот на фасцинацијата, а не од бизарноста. Во таа смисла и можеме да кажеме дека најновата Инстаграм мејкап опсесија конечно ги спои двете нешта кои ги обожаваме – шминката и сладоледот! Резултатот? Сладок, секако!
Во што е поентата? Мејкап артистите едноставно решиле да замислат како би изгледале со нивниот омилен десерт, сладоледот, и во прилог на тоа создале складна шминка. Внимание – оваа шминка навистина содржи многу боја насекаде по лицето, но и по некој корнет.
Со оглед на тоа дека не можеме да се пофалиме со практичноста на овој мејкап тренд, бидејќи и баш нема некоја примена во „реалниот“ живот, она со што можеме да се пофалиме е креативноста и вештината со која на лицето можеме да го доловиме ефектот на сладолед. Очигледно, девојките имаат бујна фантазија, но и восхитувачки ликовни способности. Секако, секоја чест за смелоста да се впуштат во една ваква „неуредна“ мејкап авантура.
Овој мејкап изглед можете да го изберете за некој маскенбал, бидејќи ова е совршена маска за сите оние кои сакаат слатки, но и кои се љубители на откачената шминка. Замислете како би реагирале луѓето кога ќе им кажете дека ќе се маскирате како сладолед. Сигурни сме дека ќе ги изненадите сите.