Нова фризура која привлекува погледи: Плетенки во форма на патент
Во текот на летото сакаме да експериментираме со фризурите и да пронаоѓаме нови начини за да ја собереме долгата коса, а притоа да добиеме модерна и шик фризура. Доколку сакате да носите плетенки – оние во форма на патент се идеални за вас.
На прв поглед можеби изгледа комплицирано, меѓутоа со само неколку едноставни чекори ќе ја совладате изработката на оваа практична и ефективна фризура која подеднакво можете да ја носите на плажа, како и за бројни летни излегувања и посвечени случувања.
Најважно е да ја подготвите косата за изработка на оваа плетенка. Потребно е на врвот да издвоите 3 прамени со чија помош ќе ја креирате оваа фризура.
Како чекор по чекор да ја изработите оваа плетенка, погледнете во видео туторијалот.
Доколку сте голем љубител на плетенките, ви предлагаме да ги погледнете овие одлични фризури со плетенки за секоја летна прилика.