Нов тренд за жените: Како да доживеете оргазам со дишење?

Нов тренд за жените: Како да доживеете оргазам со дишење?

Дишењето е „најновиот тренд“, а правилното дишење може да биде од помош за менталното и физичкото здравје. Истражувањата покажале дека просечните тинејџери и возрасни личности користат само третина од капацитетот за дишење.

Нов тренд за жените: Како да доживеете оргазам со дишење?

Дишењето е и принудно научено однесување, бидејќи кога го задржуваме здивот за да се справиме со емоциите и стресот, ги затегнуваме и мускулите што ни помагаат во дишењето. Задржувањето на воздухот кога сте под стрес дава спротивен резултат од посакуваниот, а најдобриот начин да се справите е да дишете со дијафрагмата.

Знаевте ли дека вежбите за дишење кои се корисни за концентрација и подобра меморија можат да ви помогнат да го подобрите и сексуалниот живот? Покрај тоа, ова е навистина едноставно и потребно е само да дишете заедно со партнерот.

Заедничкото дишење може да создаде поголема интимност и блискост. Држењето на воздухот додека се доближувате до оргазам е вообичаен инстинкт, но може да го намали количеството на кислород во телото и да го даде спротивниот резултат.

За да доживеете навистина експлозивен оргазам, направете го следното:

1. Започнете со длабоко вдишување и издишување за да го зголемите дотокот на крв, но и чувството на интимност.

2. Кога ќе почувствувате дека се доближувате до врвот, продолжете со длабокото дишење.

3. Кога оргазмот ќе започне, обидете се да продолжите со длабокото дишење и опуштете се. На почетокот ќе се чувствувате чудно, но не се откажувајте. На овој начин не само што ќе го подобрите оргазмот, туку ќе се чувствувате и поблиско со партнерот.

Погледнете и некои од најчудните видови оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар