Нов тренд во стилизирање на косата: Фризури за скриената бунтовничка во вас!

Нов тренд во стилизирање на косата: Фризури за скриената бунтовничка во вас!

Светот на стилизирање на косата не престанува да нè изненадува со новите идеи за потполно неочекувани начини да го разубавите и освежите вашиот изглед кога е во прашање фризурата. До сега сè се сведуваше на промена на бојата на косата, но овој нов тренд бара да ги земете машинката за стрижење и бричот во своите раце. Ако во вас се крие бунтовничка, или едноставно сакате панк-рок стил, а не сте сигурни дали сакате некоја драстична промена, овој начин на стилизирање е одличен за вас. Станува збор за скриени тетоважи во косата!

1-nov-trend-vo-stiliziranje-na-kosata-frizuri-za-skrienata-buntovnichka-vo-vas-www.kafepauza.mk_

Иако нема употреба на мастило и игли и всушност не правите трајна промена како што подразбира тетоважата, овој изглед навистина потсетува на тетовирање. Супер е тоа што може да остане скриена доколку вие го посакате тоа.

2-nov-trend-vo-stiliziranje-na-kosata-frizuri-za-skrienata-buntovnichka-vo-vas-www.kafepauza.mk_

Овој начин на стилизирање на косата подразбира бричење на долниот дел од косата, најчесто близу вратот, а потоа стручниот фризер со помош на брич да ви „исцрта“ шари по косата кои може да бидат навистина креативни и за кои нема граници во можностите.

3-nov-trend-vo-stiliziranje-na-kosata-frizuri-za-skrienata-buntovnichka-vo-vas-www.kafepauza.mk_

Тетоважата ќе се гледа само доколку ја подигнете косата, ако станува збор за подигнато коњско опавче или елегантна пунџа и навистина дава една егзотична, бунтовна нота!

4-nov-trend-vo-stiliziranje-na-kosata-frizuri-za-skrienata-buntovnichka-vo-vas-www.kafepauza.mk_

Нам ова нè потсетува на приказна за некој таен херој, кој своето обележје го покажува само кога тој ќе посака. Па, со оваа фризура може да се чувствувате како личност со тајно алтер его. Сјајно, зар не?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар