Нов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваат

Нов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваат

Бавниот секс е во тренд и сѐ попопуларен помеѓу паровите – тука нема притисок колку е некој добар љубовник.

Нов тренд во сексот: Многумина мислеа дека е здодевен, но сега сѐ повеќе мажи го практикуваат, а жените го обожаваат

„Со бавниот секс човек може да научи некои нови работи: дека оргазмот не е секогаш неопходен и дека поважно е да се доживее поголема возбуда. Овој вид секс е како детоксикација“ – објаснува секс-инструкторката Џела Кремер.

Бавниот секс е „измислен“ од страна на Џон Хамфри Нојис, американски пионер во слободната љубов во далечната 1884-та. Со т.н. кареза метод (милување) сакал после неколкуте спонтани абортуси на неговата сопруга да го спречи излевањето на спермата и евентуалната бременост, па така практикувал водење љубов наместо репродукција.

Изразот бавен секс (slow sex) се појави во 2011 година во истоимената книга на експертката за тантра Дијана Ричардсон.

„Сексот е нежен и се базира на емоционална блискост“ – објаснува Џела Кремер и додава дека „така се прекинува затворениот круг од очекувања, повлекување и фрустрација.“

Како прво, потребно е доста време – бавниот секс може да трае 3 часа или подолго. За тоа време не смее да ви ѕвони телефонот или ѕвончето на вратата. Ако некој од партнерите е под стрес, треба прво да се опушти со длабоко дишење – земете воздух длабоко со стомакот и слушајте го шумот на вашето вдишување и издишување. И едно нешто мора да ви е јасно: оргазмот не е важен.

„Првите седум пати вреди да се забрани оргазмот за да имате повеќе слобода за други искуства“ – објаснува Кремер.

Потоа доаѓа фазата на загревање.

„Лежете заедно голи во кревет, бидете блиску, не се допирајте, опуштете го телото и немојте премногу да се возбудувате. Во следната фаза милувањето е дозволено. Тој смее да ја стави раката на вашата интимна зона, а вие на неговата, но нежно, без стимулација“, објаснува Џела Кремер.

„Во искушение сте да притиснете некоја точка која знаете дека функционира кај партнерот? Подобро не. Гледајте се во очи, кажете си точно што чувствувате и што сакате еден кај друг. Во фазата на обединување, нежно спојте се без премногу движења. Тоа може да се направи и со блага ерекција. Ова се нарекува мека пенетрација“, дополнува Кремер.

Најдобрите пози за бавен секс се позите лажица и ножици, при кои пенисот со слаба ерекција може сепак да остане во вагината.

Кога ќе заврши бавниот секс, немојте веднаш да станете и да се вратите на обврските од секојдневието. Заблагодарете се еден на друг и свесно раздвојте се.

Прочитајте и: За дамите кои сакаат да доминираат: Секс позата „џокеј“ е сѐ повеќе во тренд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар