Нов тренд во исхраната: Хлорелата го презема тронот во светот на здравата храна!

Нов тренд во исхраната: Хлорелата го презема тронот во светот на здравата храна!

Алгата хлорела е една од најстарите и најдобро истражуваните организми на нашата планета, а сепак поголемиот дел од луѓето никогаш не слушнале за неа. Штета, бидејќи вреди да ја вклучите оваа алга во вашата исхрана, а откако ќе прочитате за нејзините здравствени придобивки, сигурни сме дека тоа и ќе го сторите.

1-noviot-trend-vo-ishranata-hlorela-go-prezema-tronot-vo-svetot-na-zdravata-hrana-www.kafepauzamk_

Името хлорела е мешавина од зборови на грчки и латински јазик, чие значење е нешто мало, младо и зелено. Ова воопшто не е чудно, бидејќи оваа алга има зелен пигмент, односно содржи многу хлорофил. Хлорофилот во оваа алга е фасцинантно сличен на крвниот пигмент, хемоглобинот и често се нарекува „зелена крв“.

2-noviot-trend-vo-ishranata-hlorela-go-prezema-tronot-vo-svetot-na-zdravata-hrana-www.kafepauzamk_

Иако е микроскопска алга, хлорела е вистинска енергетска бомба. Има најголемо ниво на хлорофил, како и најголемо количество витамин Б12, во комбинација со многу белковини, железо, бета кератин, фолна киселина, лутеин и алфа-линолски киселини. Редовното консумирање може да го зајакне имунолошкиот систем, да придонесе за нормално функционирање на метаболизмот и да го поддржи нервниот систем.

3-noviot-trend-vo-ishranata-hlorela-go-prezema-tronot-vo-svetot-na-zdravata-hrana-www.kafepauzamk_

Хлорелата станува сѐ популарна на сцената на здравата исхрана. Освен својата зелена боја, ферментираниот облик на алгата кој е во верзија на прав, има содржина на здрави масти од околу 50% и се користи како билна замена за јајца или путер, но и како база за вегетаријански намази.

Би ја пробале?

Доколку сакате да се храните здраво, погледнете кои се најздравите кујни во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар