Нов тренд: Сетови од ист материјал, принт и текстура и трите правила кои следат со него

Нов тренд: Сетови од ист материјал, принт и текстура и 3-те правила кои следат со него

Ако имате проблеми со координацијата на бои и мешањето парчиња и поминувате часови во смислување комбинации, тогаш овој тренд ќе ви стане омилен. Горни и долни делови со иста боја, принт и текстура е најголемиот тренд оваа сезона. Иако долго време, нештата што си одговараа беа сметани за модна грешка, оваа година комбинациите во една боја, една текстура и еден принт се враќаат на големо.

0-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

Тоа е најлесниот и најбрзиот начин да составите стилски и модерни комбинации. Изгледа прекрасно на сите типови тела, без разлика на возраста и стилот. За овој тренд постојат многу опции меѓу кои најпопуларна е кроп топот во комбинација со тесна сукња, но тука се и пантолоните комбинирани со блузи, сукњите со широки блузи и шорцевите со сако. Може да си играте со пропорциите и кроевите, боите, принтовите и текстурите.

1-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

Во зависност од материјалот, овој моден тренд може да се носи и на работното место и во ноќен клуб без да се плашите дека ќе направите модна грешка. Плетениот сет е совршен за опуштени излегувања, твидот е одличен за работната средина, а сатенот за вечерно излегување. Овој тренд беше хит и на модните писти. Дизајнерите се опседнати со него, а и ние покрај нив.

2-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

1. Координирајте ги принтовите

Ако не ви се допаѓа минималистичкиот пристап и сакате да ризикувате, тогаш добро е да експериментирате со принтовите. Храбри или минимални, геометриски или цветни – изборот е ваш. Ако одберете храбри, весели принтови, тогаш остатокот од комбинацијата треба да биде едноставна. Ако комбинирате пантолони и сако, тогаш носете еднобојна блуза одоздола.

3-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

Модните додатоци исто така треба да бидат сведени на минимум. Кога станува збор за изборот на вистинските бои за обувките и додатоците, погледнете ги боите во основата на комбинацијата. Наместо да ја одберете бојата од позадината, одберете боја од самиот принт – некоја што е минимално употребена. Овој минималистички трик ќе ви помогне да постигнете совршен баланс.

4-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

Ако сакате да пробате принт, но не сте спремни за храбар и весел цветен дезен, тогаш одберете некој поминималистички, геометриски принт составен од 2 до 3 бои. Комбинацијата нека ви биде база околу која ќе го формирате целосниот изглед – палтото, обувките, чантата и модните додатоци треба да бидат во центарот. За похрабрите, веселите бои можат да бидат заменети со парчиња со дезен.

2. 3Д текстура

Ако сте љубители на џемперите и другите плетени нешта, тогаш дефинитивно ќе бидете возбудени да вметнете плетен сет во вашиот изглед. Освен мекото, топло и удобно чувство кое го предизвикуваат, плетките се и најдобриот материјал кога зборуваме за текстура. Во зависност од конецот и начинот на шиење, тие можат да имаат многу различни изгледи.

5-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

Плетените нешта се одлични за мрзливите денови, но ако додадете вистински модни додатоци, овој едноставен изглед може веднаш да се трансформира во таков кој е совршен за во канцеларија, но и за вечерно излегување.

6-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk

3. Светкави материјали

Сетовите направени од материјали како свила, сатен, брокат и жакард се одлични за посебните прилики и вечерните излегувања. Бидејќи овој изглед сам по себе остава впечаток, обидете се остатокот од изгледот да биде едноставен, со суптилни детали и бои. Ништо не смее да се натпреварува со сјајот на сетот. Кога одбирате обувки и чанта, одберете неутрални бои како црна или беж.

7-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk 8-nov-trend-setovi-od-ist-materijal-print-i-tekstura-i-3-te-pravila-koi-sledat-so-nego-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар