Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде

Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде

Секоја модна сезона нуди нови модни додатоци кои го привлекуваат вниманието на дамите, но само посебните стануваат вистински моден хит и владеат со светската модна сцена. Една таква линија, којашто дефинитивно се издвои последниов период и стана главна модна сензација на социјалните мрежи е брендот Миу Миу.

(1) Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде

За тоа колкава популарност добија овие модни додатоци говори и фактот дека на Инстаграм е креиран хаштаг, така што сите познати убавици, откако ќе си набават еден од невообичаените модни детали, под фотографијата задолжително пишуваат #girlinmiumiu.

(2) Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде

Што е тоа што овие модни додатоци ги прави толку посебни? Пред сè големиот број детали, од циркони до бисери, крзно и разни монистри.

(4) Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полудиТака, на листата на омилените аксесоари на најпознатите убавици во светот годинава повторно се најдоа крзнените папучи од лани, но овој пат дополнети со бисери и циркони, балетанки на врзување, кои од вообичаените модели се разликуваат по тоа што платнени ленти во различни бои се врзуваат околу нозете и зглобовите, како и вртоглаво високите потпетици, кои повторно се враќаат на сцена.

(3) Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде

Миу Миу преку лансирање на овие нови модни трендови во делот на обувките повторно ги предизвикува најхрабрите дами, кои без никаков проблем би се одлучиле за уникатните модели и гордо би ги носеле по улиците, во дискотеките, на разни свечености, на црвен тепих… Тие се идеални за експериментирање и играње со модните комбинации.

(5) Нов тренд на Инстаграм: Модни додатоци по кои светот полуде


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар