Нов тренд кој со сигурност го очекувавте: Кафеава коса прошарена со океанско сини прамени
2016-та година полека останува зад нас, а доколку нешто ја одбележа оваа година, тогаш тоа дефинитивно се силните бои за коса. Накратко кажано, оваа година ја бојадисувавме косата во зелено, розово, виолетово, во бои кои светат во темница, а на крај ја бојадисувавме косата во боите на виножитото. Но, трендовите се тука за да се испробаат.
Како што доаѓа крајот на годината, боите во нашата коса пополека се смируваат, но и понатаму го задржуваат оној „откачен“ шарм. Поточно, станува збор за океанско сини прамени со кои ќе можете да ја освежите вашата природно кафеава, темно кафеава или црна коса, а најдобро ќе прилега на оние кои имаат светол тен со ладен тон.
За да ја добиете оваа боја, потребно е да измешате средно сина, светло сина, виолетова, средно виолетова и боја на лаванда. Најдобро е овие прамени да ги направите со техниката бајлаж. Поентата е во тоа косата да изгледа природно, а боите постепено да се преливаат и до создаваат ваков занимлив, а сепак некаков природен ефект.
Ова боја секако изгледа интересно и поразлично, а бидејќи е во ладни тонови, таа претставува совршен избор за во зима. Па така, доколку сакате во наредните денови да ја промените вашата боја на коса или пак да ја освежите вашата природно кафеава или црна коса, еве ви совршена зимска идеја. Како ви се допаѓа оваа океанско кафеава нијанса? Дали би испробале нешто вакво?