Нов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна коса

Нов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна коса

Новиот тренд на миење коса, т.н. „обратно миење“ го подразбира баш тоа. Наместо да нанесувате прво шампон, па потоа балсам, како што тоа сте го правеле цел живот, сменете го редоследот.

Нов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна коса

Овој тренд го започна Алисон Фрир откако на блогот No More Dirty Looks прочитала за блогерката која случајно го сменила редоследот на продуктите при миењето на косата и забележала дека таа потоа изгледала фантастично.

Алисон тврди дека после вообичаеното миење косата се мрси уште следниот ден, додека со обратната техника, косата останува сјајна и бујна значително подолго.

Начин на миење: Намокрете ја косата и нанесете регенератор. Оставете да делува неколку минути, па потоа ставете шампон. Резултатот ќе биде побујна коса која помалку ќе се масти.

Многумина веќе ја имаат испробано оваа техника и се задоволни од резултатот.

За дополнителен ефект, пред балсамот ставете масло за коса.

Предупредување: Оваа техника е делотворна за оние со нормална и масна коса, додека за сувите коси, сепак се препорачува вообичаениот начин на миење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар