Нов пролетен тренд: Панделка во коса за модерен и луксузен изглед

Нов пролетен тренд: Панделка во коса за модерен и луксузен изглед

Станува сѐ појасно дека оваа година на модната сцена се враќаат панделките во косата. Доказ за тоа се славните убавици кои се појавија токму со оваа фризура, но и многубројните блогерки кои најпознатата фризура од 90-тите, ја украсија со свилена или кадифена лента заврзана во панделка.

3-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_

Ако ви досадило вашето вообичаено високи или ниско коњско опавче, ова е наједноставното и најефикасното надополнување на вашата фризура која ќе изгледа впечатливо и веднаш ќе ви го освежи целокупниот изглед. Лентата можете да ја заврзете во панделка или само да ги оставите нејзините краеви да висат. Исто така, лентата може да биде подебела или потенка, од кој било материјал, започнувајќи од свила, па сè до кадифе, што ќе ѝ даде посебен ефект. Црната боја е класична, но панделката во боја може да внесе живост во целата комбинација.

4-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_

Во секој случај, морате задолжително да ја испробате оваа фризура, бидејќи ви гарантираме дека ќе ја гледате цела пролет и лето.

5-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_ 1-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_ 2-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_ 6-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_ 7-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_ 8-nov-proleten-trend-pandelka-vo-kosa-za-postignuvanje-na-moderen-i-luksuzen-izgled-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар