Нов моден тренд за оваа година: Плетенки направени со метални синџирчиња

Нов моден тренд за оваа година: Плетенки направени со метални синџирчиња

Оваа година покрај сите модни трикови кои ги знаете досега, вашата коса ќе можете да ја разубавите и со плетенка составена од мали метални синџирчиња. Овој моден тренд за прв пат бил забележан годинава, кога Ванеса Кирби носела плетенка низ која елегантно се наѕирале сребрени приврзоци.

Нов моден тренд оваа година: Плетенки направени со метални синџирчиња

Овој изглед бил создаден од еден фризер и Адир Абергел, кој користел сребрени делови од синџири од неговата нова метална линија на модни додатоци за коса. Според Абергел, малите синџири одговараат за која било плетенка, а тој со оваа идеја сакал да создаде двојни текстури: Нежна романтична плетенка и стегнат елегантен синџир.

Нов моден тренд оваа година: Плетенки направени со метални синџирчиња

Синџирчињата кои се дизајнирани од Абергел со нив имаат и чешел, што прави полесно да бидат закачени во косата, а одговараат на секаква должина и фризура. Тој исто така советува да се тапира косата онаму каде што ќе се закачат синџирчињата, за да се осигурите дека ќе бидат безбедни.

Што би рекле вие на овој моден тренд? Се сметате ли доволно храбри да го направите овој чекор?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар