Нов летен тренд: Таписерија во косата!
Во лето дозволени се секакви експериментирања со косата – од „неуредни“ и опуштени фризури, па сè до бојадисување на косата во сина, кое стана хит особено помеѓу познатите личности. Дури прифатливи се и сите бои од виножитото кои се опфатени во техниката „коломбре“.
Ова лето е модерно нешто што е наречено „таписерија во косата“. Се работи за техника при којашто со помош на волна или конец за везење во разни бои, директно на косата се плете парче рачна изработка. Доволно е мало познавање од изработката на таписерии, што некогаш се учеше на часовите по домаќинство, а не е тешко да се совлада. За овој тренд е заслужна Алекс Браунсел, која со таков потфат ја инспирирала традиционалната аргентинска таписерија.
Овој тренд на летна фризура совршено се вклопува во хипи стилот, кој е популарен секое лето. „Таписеријата во косата“ ви овозможува да ја отворите фантазијата и вашата коса да ја украсите на необичен начин. Во продолжение прикажуваме видео туторијал кој ќе ви помогне полесно да ја совладате оваа техника.
Погледнете уште неколку интересни идеи!