Нов летен тренд на фризура: Дали сте чуле за „секстура“?
И не е баш некоја голема новост за тоа дека постои врска помеѓу сексуалниот живот и добрата фризура. Овој нов тренд е надградување на прославената „бушава“ фризура, односно фризурата која наликува на онаа кога наутро ќе станете од креветот. Меѓутоа, за постигнување на „секстура“ воопшто не ви е потребен маж. Станува збор за изглед кој како да е создаден за летото и цело време ни бил пред носот, а неговиот најдобар сојузник е, верувале или не, потта!
Без разлика на тоа каков тип коса имате, сè се врти околу несовршената и разбушавена коса – секси, неуредно и во прамени. Во прашање е потполно спротивен изглед од дефинираните бранови и уредните локни, а изгледа како фризурата која ја имаме после капењето во море или потењето на летната горештина.
Постојат два начини на кои можете да му пристапите на овој тренд, во зависност од тоа дали сакате да ја нагласите својата природна текстура или со помош на пресата за коса или фигаро да креирате изглед кој ќе делува како да сте се валкале по сено.
Чистата, мокра коса лесно попрскајте ја со лак за коса и оставете ја да се исуши по природен пат, па потоа разбушавете ја со прстите. Ова фризура можете да ја направите и на немиена коса, со помош на шампонот за суво миење кој ќе го напрскате од средина кон краевите и ќе го обликувате со помош на прстите.
Доколку ви е подобро да користите преса или фигаро, клучот е во тоа да избирате поголеми прамени и да внимавате локните да не изгледаат премногу уредно. Откако ќе завршите со виткањето, прочешлајте ги локните со прстите и попрскајте ги со лак за коса.