Нов изглед: 3 совети за мазна и сјајна коса
Модните писти оваа сезона се полни со нови и креативни трендови, кои се надополнети со супер сјајни коси. Доколку ја исправувате вашата коса, пресата нека ви биде наместена на најниската температура или набрзина помините преку праменот, за да создадете природен финиш.
Инспирација
Силните и богати бои сè уште се во тренд, а совршен изглед ќе постигнете доколку вашиот стил го надополните со свиленкасто мека коса, без разлика дали е брановидна, извиткана или рамна. Погледнете што подготвиле за оваa сезона дизајнерите на најпрестижните модни куќи како што се Валентино, Сен Лорен и Жан Шарл.
Од модните писти
Како што модните трендови донесоа облека богата со детали, така и природниот изглед на косата повторно се врати на големата врата. Овој пат не постои изговор за лошо одржувана фризура – без разлика дали вашата коса е природно виткана или рамна, за да се совпаѓа со овогодишните топ трендови, мора да сјае како никогаш досега. А тоа значи дека мора да ја негувате!
Како се носи?
Клучот е во едноставноста – класични, заоблени краеви, лесни слоеви и шишки е она што најдобро го отсликува овој тренд.
Кога е факторот сјај во прашање, дамите од А-листата преземаа мерки.
Ѕвездите од А-листата
Секако, да имаме време (и пари) да се негуваме на дневна база како холивудските ѕвезди, би имале коса вредна од милион долари. Но, не тагувајте! Со помош на лесни и евтини трикови и вие може да имате гламурозна фризура.
Од црвениот тепих
На црвениот тепих може да видиме многу долги, сјајни коси. Премиерите, промоциите, забавите и свечените прилики бараат постојано менување на фризурата, па не е чудно зошто ѕвездите го поедноставуваат својот изглед, водејќи сметка за здравјето и негата на нивната коса, и секако, мислејќи на нејзиниот сјај.
Топ совет
Виткајте ги краевите на косата за да создадете визуелно густа коса. Притоа, брановидните краеви делуваат здраво и ги прикриваат можните оштетувања.
Ах, тој ВИП шарм!
Доколку имате цел вашата коса да биде мазна и рамна, тоа мора да изгледа совршено. Затоа, испуканите краеви не доаѓаат во обѕир!
Три чекори за мазна и сјајна коса
Чекор 1: Здраво тело, а со самото тоа и влакна, ќе имате доколку правилно се храните. Риба, пилешко, многу овошје и зеленчук, како и млечни производи се одличен старт доколку сакате поубава коса. Секако, пијте доволно вода и заборавeте на лошите навики, како што се цигарите и алкохолот. Клучната работа за здрава коса е редовна посета на фризерски салон.
Чекор 2: Користете балсам за коса. Доколку вашата коса често се масти, балсамот нанесувајте го само на краевите. Сувата коса бара хидратација, па затоа еднаш неделно мора да нанесувате препарати, како што се маските за коса.
Чекор 3: Во прилики кога мора да „мамите“, инстант сјај може да добиете со масло за коса. Тоа лесно и брзо се апсорбира во влакната, а дава феноменален сјај и мекост. На појаките влакна повеќе им годат серумите, а доколку вашата коса е тенка – избегнувајте го маслото и подобро користете сјаен спреј.
Топ совет
Доколку имате јака и сува коса, третирајте ја пред нанесување на шампонот. Постојат многу препарати баш за таа намена – ја омекнуваат косата пред миењето и ја оставаат супер мека и сјајна.
Ве молам за објаснување што значи тоа “им ПРИЈААТ серумите”???