Нов Инстаграм мејкап тренд – одличен за „Ноќта на вештерките“!
Изгледа дека ни се насмевнува уште еден малку бизарен и морничав мејкап тренд, наречен „knifeliner“, односно ајлајнер во форма на нож, доколку буквално го преведеме. Значи, за што станува збор? Па, едноставно е да заклучите – мејкап уметниците и генерално, девојките започнаа да ги презентираат своите идеи за „Ноќта на вештерките“ кога станува збор за шминката, а токму една од идеите е и оваа, да нацртате нож наместо ајлајнер, со капки крв! Брр, морничаво, а сепак толку оригинално, зар не?
Секако, овој мејкап е наменет исклучиво за потребите на „Ноќта на вештерките“ и не е за секојдневна употреба. Иако, дали навистина би помислиле да носиме ваков ајлајнер кој било друг ден? Секако, овој начин на шминкање бара голема прецизност, но и барем малку уметничко умеење. Кога станува збор за боите, тогаш црната, сивата и црвената се доволни, а доколку сепак сакате да внесете малку „женственост“ во целата оваа морничава приказна, тогаш додадете и малку светки.
Главно, има доста варијации, а секоја од нив е интересна на свој начин. Во комбинација со малку темен кармин, црвен или црн, можете да изгледате супер страшно, а сепак модерно и атрактивно. Дали би го испробале овој мејкап тренд?