Нов бизарен, но забавен тренд: Фризура во форма на новогодишна елка

Нов бизарен, но забавен тренд: Фризура во форма на новогодишна елка

Само што помисливте дека ги знаете сите чудни и невообичаени трендови за убавина, се појавува овој нов, бизарен, но забавен начин на стилизирање на вашата коса кој со сигурност ќе направи да привлечете многу погледи за дочекот на новата година.

Нов бизарен, но забавен тренд за убавина: Фризура во форма на новогодишна елка

Овој изглед се постигнува кога ќе ја соберете вашата коса во конусен облик, имитирајќи новогодишна елка пред да ја украсите. Зарем има подобар начин да привлечете внимание на новогодишната ноќ?

Нов бизарен, но забавен тренд за убавина: Фризура во форма на новогодишна елка

Се прашувате ли како да ја наместите вашата коса без таа да падне надолу? Стилистите велат дека ова можете да го постигнете така што ќе ставите мало празно шише или лесен предмет во форма на конус врз вашата глава, кој ќе ви служи како водич.

Нов бизарен, но забавен тренд за убавина: Фризура во форма на новогодишна елка

Потоа наместете ја косата околу предметот и зацврстете ја со спреј или со други помошни модни додатоци. Од друга страна пак, можете да бидете креативни и да преземете похрабар чекор, така што дополнително ќе ја украсите својата коса со одредени елементи. Колку поуникатно – толку подобро!

Нов бизарен, но забавен тренд за убавина: Фризура во форма на новогодишна елка

Продолжете на втората страница за да погледнете дополнителни фотографии и да се инспирирате за вашата нова фризура за дочекот на 1-ви јануари!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар