Никогаш нема да погрешите: Црно-белата е секогаш добитна комбинација!

Никогаш нема да погрешите: Црно-белата е секогаш добитна комбинација!

Понекогаш контрастот е она што ја прави облеката впечатлива и шик. Кога се во прашање црната и белата гардероба, тука нема грешка, без разлика дали ќе се одлучите за облека во едната или во другата варијанта. Но што ќе се случи ако овие две бои, кои се потоплн контраст, се помешаат? Секако, се создаваат модерни комбинации кои зрачат со женственост и елегантност.

Едноставна формула за секогаш да изгледате гламурозно, елегантно и софистицирано… И што е многу важно, не ви е потребно многу време за комбинирање на боите, дезените и аксесоарите. Знаете и самите – што е поедноставно, толку е подобро. Во случај да ви е потребна потврда дека црно-белата облека е број 1 избор, погледнете ги најдобрите дневни комбинации од црвениот тепих и од уличниот стил, кои ќе ви го потврдат тоа. Класика, одмереност, софистицираност, елеганција, а пред сè – едноставност. Во тоа се крие тајната на незаменливите црно-бели дневни комбинации.

1-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Бела кошула, црни панталони и обувки во истата боја украсени со циркони, брош или некој впечатлив детаљ се одличен избор за работен стил и стил на една млада дама.

2-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

Белиот фустан во комбинација со бел капут, црни чизми до колена и чанта гарантираат дамски изглед.

3-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

Работниот стил од вас бара класична облека. Секогаш ќе оставате добар впечаток ако се одлучите за црно-бела комбинација како на фотографијата подолу.

4-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

Доаѓа зимата, па ако планирате да се подновите, капут и џемпер во црна боја, но и панталони се нештата што задолжително мора да ги имате. Црниот џемпер проткаен со принтови и детали во бела боја е совршен за модерен, младешки, но и кежул изглед.

5-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

Гламурозно и дамски. Просто совршено!

6-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk

Црно-белите комбинации слободно може да ги носат и девојките кои обожаваат спортски изглед.

7-nikogash-nema-da-pogreshite-crno-belata-e-sekogash-dobitna-kombinacija-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар