Никогаш не заборавајте дека негативните мисли влијаат лошо врз психофизичкото здравје!

Никогаш не заборавајте дека негативните мисли влијаат лошо врз психофизичкото здравје!

Познатиот персиски лекар, астролог, математичар, астролог и психолог, Авицена, велел: „Лекарот има три алатки во борбата против болеста – зборови, билки и нож“. Често забораваме колкава сила и моќ имаат нашите мисли и зборови, како и какво влијание тие можат да имаат врз нашето психофизичко здравје.

Никогаш не заборавајте дека негативните мисли влијаат лошо врз психофизичкото здравје!

Во една од париските болници, младиот психолог, Емили Ки, на сопствена одговорност, ги охрабрувала пациентите да ја повторуваат гласно оваа реченица 10 пати на ден – „Секој ден се чувствувам сè подобро и подобро“. Притоа, било особено важно пациентите да не ја повторуваат таа фраза механички, туку да размислат за неа, да ја усвојат и да ја повторат за да почнат да веруваат во неа. По еден месец, значително се подобрила состојбата на многу пациенти.

Нашето здравје е директна последица на нашите мисли. Никој не се сомнева дека постои директна врска помеѓу психичката и физичката состојба на луѓето. Еден од најважните психолошки закони вели: вербалното изразување на љубовта, покажувањето восхит кон она што другите го прават и емпатијата значително можат да ја зголемат виталната енергија на оној кој ги практикува. Од друга страна, негативните и нељубезни зборови ја намалуваат енергијата на оној кој ги изговара.

Постојаното присуство на негативни мисли може да го зголеми ризикот од влошување на менталното и физичкото здравје. Затоа е важно секојдневно да ги „филтрирате“ мислите, да ги отфрлите негативните и да ги задржите оние што ви се позитивни, пријатни и оптимистички. Научете да уживате во животот, без разлика колку е тешко понекогаш.

Здравјето, животот и судбината на човекот директно зависат од неговите мисли. Добрите мисли ќе ви донесат добри работи во животот. Ако размислувате лошо, тоа може негативно да се одрази на вас.

Негативните мисли не ви носат ништо добро, туку само страв и загриженост.

Затоа, престанете да се нервирате за оние мали безначајни работи, размислувајте позитивно, уживајте во секој момент и верувајте дека сè ќе биде добро!

Откако прочитавте за поврзаноста меѓу психофизичкото здравје и негативните мисли, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 негативни мисли кои можат да го нарушат вашиот внатрешен мир.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар