Никогаш не треба да прашувате за...

Никогаш не треба да прашувате за…

Љубопитноста е дел од човековата природа, но има одредени прашања кои ја преминуваат границата на културното однесување и создаваат непријатност. За да бидете пријатен соговорник, никогаш не треба да прашувате за следниве неколку нешта.

Никогаш не треба да прашувате за...

Заработка

Иако е непристојно, многу луѓе без срам сѐ уште прашуваат „Колку пари заработуваш?“ Колку и да сте љубопитни, избегнувајте го ова прашање бидејќи навистина е непријатно за другата страна. Доколку самите не кажат ништо за тоа, ваше е да молчите.

Тежина

И ова е едно од прашањата што треба да ги избегнувате. Поставувањето прашање за нечија тежина, може да го направи соговорникот уште понесигурен. Ќе се почувствува осудувано, а тоа е крајно непристојно. Ако некој/а ви каже дека ослабнал/а, само честитајте му/ѝ, и не поставувајте други прашања.

Возраст

Освен ако личноста со која зборувате е помала од 15 години, тогаш не прашувајте за возраста. Возрасните не го сакаат ова прашање. Поштедете ги соговорниците од непријатност и уживајте во разговорот на други теми.

Брачна состојба

Воопшто не е културно да прашате „Зошто не си женет/мажена?“ Поставувањето на вакво прашање асоцира на тоа дека нешто не е во ред со тоа да си сингл, а тоа воопшто не е така. Се работи за животен избор и сопствени приоритети, кои можеби се разликуваат од размислувањата на мнозинството. Доколку не сакате некого да осудувате и обвинувате за личните постапки, тогаш не поставувајте вакво прашање.

Боја на коса

Прашањето дали нечија боја на коса е природна или не, може да биде многу разочарувачко за соговорникот. Луѓето се фарбаат од две причини: за промена или за да ги сокријат белите влакна. Бидејќи вие не ја знаете причината, подобро е да молчите. Доколку пак, сте премногу љубопитни, тогаш само кажете „Посакував да имав таква боја на коса“ и ќе видите како ќе изреагираат.

Бременост

Едно од најболните и најнепријатните прашања што може да ги поставите на жена која всушност не е бремена. Доколку е бремена, таа сигурно самата ќе ви ја соопшти веста, не избрзувајте.

Цена

Генерално, прашувањето за цената на одредена работа се смета за некултурно однесување. Прашањата поврзани со пари се многу непријатни, особено ако го осудувате самиот производ и цената. Во вакви ситуации ако и вам ви се допаѓа производот тогаш прашајте од каде е купен и ќе бидете упатени. Така, ќе постапите културно, а и соговорникот нема да се чувствува глупаво.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар