Никогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногу

Никогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногу

Нашата генерација има сосема погрешно сфаќање за рамнодушноста. Никој не сака да биде тој што се грижи премногу, па затоа сите се однесуваме како да не ни е гајле за ништо. Не му дозволувајте на општеството да ве натера да поверувате дека искреноста е слабост. Престанете да ги гушите вашите желби и директно кажувајте што сакате. Страста е потценета. Луѓето ќе се обидат да ве убедат дека сѐ се врти околу вечната потрага по нешто, но тие грешат. Невозможно е да уживате во што било во животот ако од вас се очекува да им пристапувате на нештата од далеку.

Никогаш не се извинувајте поради тоа што се грижите премногу

Самите сте одговорни за вашата среќа, затоа откријте што ве прави среќни

Чувајте ги нештата што ги сакате и цврсто држете се за нив, без никакво извинување! Во ред е да покажете интерес за некого. Во ред е да бидете оние што се грижат премногу. Не им обрнувајте внимание на луѓето кои се плашат од вашите чувства. Тие можеби сакаат да играат игри со нивното срце, но вие не морате. Посветете му време на некој кој ќе ја прифати вашата ранливост. Чувајте го оној кој не се плаши да ги признае неговите чувства кон вас.

Продолжете да им го покажувате срцето на луѓето, без разлика колку пати ќе ве растргне тоа на парчиња, бидејќи ако еднаш почнете да криете кои сте, ќе ја изгубите вашата вредност. Личноста со која ќе го поминете вашиот живот ќе се заљуби во вашето срце, а не во вашата сенка. Секој кој ќе побегне од вас во моментот кога работите ќе станат сериозни, ви прави услуга.

Треба да си направите услуга со тоа што ќе ги пуштите да си одат и ќе продолжите понатаму

Вие одлучувате дали ќе ги прифатите живите бои на светот или ќе го живеете вашиот живот во сиви нијанси. Еднаш се живее и должни сте да живеете храбро. Кога ќе почувствувате нешто, чувствувајте длабоко, од длабочините на вашето срце, па сѐ до прстите на вашите нозе. Кога луѓето ќе ви кажат да не се надевате премногу, одговорете им дека свет без надеж е свет без светлина. Кога ќе ве обесхрабрат и ќе ве наведат да не го искажувате вашето мислење, зборувајте уште погласно. Бунтувајте се против очекувањата на општеството и покажете му на светот колку се грижите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар