Никогаш не ги правете овие 6 работи пред спиење
Сигурно досега ви се случило да си легнете порано, да спиете 8 часа и пак наутро кога станувате од својот кревет, да се чувствувате изморено. Во тој случај вам не ви недостига квантитет, туку квалитет на сонот кој може да се наруши од различни причини. Ова се 6-те најчести причини кои доведуваат до намалување на квалитетот на сонот, поради што наредниот ден ќе се чувствувате ненаспани и без енергија.
1. Ги довршувате работните задачи со компјутерот во кревет
По напорниот ден минат на работа, сигурно дома не сте имале доволно време да се релаксирате целосно, а со работењето на компјутер откако сте легнале, само ќе ја влошите состојбата. Доколку имате каква било обврска, не правете го тоа легнати на кревет, затоа што на тој начин, несвесно го поврзувате сонот и одморот со стресот и работата.
2. Пиете алкохол пред спиење
Иако малку алкохол пред легнување може да ви помогне побрзо да заспиете, таа навика лошо влијае на квалитетот на вашиот сон затоа што ја нарушува РЕМ фазата додека спиете, која се случува околу 90 минути по потонувањето в сон. Колку помалку останувате во оваа фаза, толку поуморни ќе се чувствувате кога ќе се разбудите.
3. Гледате во вашите телефони
Спроведените истражувања покажуваат дека сината и белата боја којашто ја емитуваат екраните, го спречуваат мозокот да ослободува мелатонин, хормонот што го подготвува телото за спиење. Па затоа, мислејќи дека се смирувате гледајќи убави фотографии и смирувачки пејзажи, вие всушност го блокирате мозокот да го подготви вашето тело за квалитетен сон. Оставете ги телефоните и препуштете се на мирната ноќ.
4. Јадете слатко
Темното чоколадо има одредени импресивни квалитети, но не заборавајте дека тоа содржи и кофеин, па затоа можеби е најдобро да го заборавите пред да си легнете. Една студија објавена во „Journal of Clinical Sleep Medicine“ открива дека храната која е богата со заситени масти и шеќери се поврзува со спиење во кое има чести будења и кое не овозможува доволен одмор на телото.
5. … Или зачинета храна
Да, зачинетата храна е премногу вкусна, но доколку ја јадете пред спиење тогаш не се надевајте на мирен сон. Оваа храна создава киселини, а таквата состојба особено се влошува кога ќе го поставите ваше тело во хоризонтала. Лутата и зачинета храна планирајте ја за ручек, а за вечера изберете нешто лесно, кое ќе го изедете неколку часа пред да одите в кревет.
6. Пиете многу вода
Пиењето вода е најздравата навика, но доколку пиете многу вода пред спиење, големи се шансите ноќта да треба да станете еднаш или дури и неколку пати за да одите во тоалет. Затоа, доволното количество вода за вашиот организам распоредете го во текот на целиот ден, за да не чувствувате жед непосредно пред легнување.