Никогаш не е предоцна за љубов

Никогаш не е предоцна за љубов

Никогаш не е предоцна за љубов. Без разлика што ви велат списанијата, книгите или родителите, без разлика на тоа што општеството создава илузија дека сите треба да си најдат животен партнер во своите дваесетти и да има деца до триесеттите, љубовта има начин да ве пронајде кога најмалку ќе очекувате, во моментите кога ќе мислите дека никогаш нема да ве најде.

nikogash-ne-e-predocna-za-ljubov-www.kafepauza.mk

Никогаш не е предоцна за љубов. Без разлика на тоа што сте одлучиле да се фокусирате на кариерата и сметате дека таа е центарот на вашиот живот, љубовта сепак ќе најде начин да создаде баланс помеѓу приватното и професионалното. Таа ќе се протне меѓу зафатеноста и доцните работни часови и квалитетно ќе го искористи слободното време што не сте знаеле ни дека сте го имале.

Никогаш не е предоцна за љубов. Дури и ако сте последните без брак во вашето друштво, сè уште чекајќи ја личноста со доволно големо срце и нежноста што ви е потребна, вие не треба да се согласите на ништо помалку од тоа што го заслужувате. Вистинската љубов навистина постои и мора да ја одржувате надежта доколку сакате да ја пронајдете.

Никогаш не е предоцна за љубов. Дури и ако сите љубени досега ве разочарале и ви ги искршиле соништата, вие мора да се држите за идејата дека постои личност што е совршена токму за вас. Љубовта ќе ве најде во тајност и ќе ве натера да се заљубите во вистинската личност кога вие ќе бидете подготвени за неа.

Никогаш не е предоцна за љубов. Еден ден, ќе се разбудите, и ќе се потсетите на сите оние времиња кога сте се сомневале во себе и ќе ја протресете главата со насмевка на лицето. Вие сте сигурна, самоуверена и силна личност што знае што сака и никогаш не треба да се сомневате во себе – љубовта постои и набрзо ќе ве пронајде и вам!

Имајќи го сè ова на ум, кажете им збогум на сите луѓе што не ја возвраќаат вашата љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар