Никогаш не е доцна да се промените
Способноста да ја откриете вашата личност и притоа да се промените е храбар и смел избор. Тоа бара да направите нешто свесно, некој намерен избор што потоа ќе го следите. Доколку ве плаши промената на насоките во животот, промената на мислите и вашите пријатели, знајте дека не сте сами. Иако промената најчесто знае да биде застрашувачка, сепак, таа нуди многу нови можности.
Потреба за промена
Секој ден кога се будите носите одлука. Тогаш одлучувате дали ќе ја следите секојдневната рутина или можете малку ќе ги промените работите. За оние кои не сакаат често да ги менуваат навиките, рутината е удобна, лесна и помалку стресна. Но, проблемот е дека по одредено време, вие нема да чувствувате никаков напредок во животот.
Погледнете назад и видете какви сте биле како тинејџери, а какви сте сега, кога сте пораснале. Ќе видите дека станува збор за два сосема различни вида луѓе. Од тогаш ви се променети вашите мисли, изгледот, работата, нивото на образование, па дури и пријателите. Ова се нарекува „растење“ или „созревање“ и се смета за еден од животните природни напредување. Овој процес треба да биде доживотен и бескраен круг. Ви никогаш не можете да бидете премногу стари за да се освежите себеси.
Знаци дека треба да се промените
„Како што на веќе постоечките производи и брендови им е потребно надградување за да останат конкурентни, исто така периодично треба да се освежувате или да се откривате себеси.“ – Миреј Џулиано
Па, како да знаете кога треба да промените нешто? Постојат знаци што ќе ве известат дека е време за обнова. Првиот знак е чувството дека сте заглавени во рутината и дека животот ви станува досаден, па затоа ви е потребно да внесете дополнителна свежина и возбуда. Оценете си го животот и променете ги визијата и целите. Ако чувствувате дека не се движите напред и не постигнувате ништо, тогаш со сигурност е време да промените некои работи. Времето постојано тече, а ако сѐ уште стоите во место, тогаш вие губите. Без разлика на вашата возраст или животна фаза, треба да знаете дека секогаш постои простор за подобрување.
„Никогаш не сте премногу стари за да поставите нова цел или да сонувате нов сон.“ – К. С. Луис
Вториот знак кој покажува дека е време за промени е појавата на големи настани во вашиот живот, каде што од вас се бара да се промените. Стапување во брак, промена на работно место, прекин на љубовна врска и слични настани, целосно можат да го променат вашиот живот. Кога ќе ви се случат овие промени, ќе треба да се промените и вие. Доколку стапувате во брак, не можете да бидете исти како претходно, или пак ако очекувате бебе не можете да продолжите да бидете себични и неодговорни. Секое ниво на успех бара нешто поразлично од вас.
Потсетете се на момент на Арнолд Шварценегер. Луѓето можеби имаат различни мислења за неговиот карактер и за одредени животни избори, но тој е експерт кога станува збор за одново откривање. Тој го постигнал најголемиот успех во бодибилдингот така што три пати ја добил титулата „Господин Универзум“. Потоа достигнал неверојатна слава и богатство во забавната индустрија преку правењето акциски филмови. Во својата најнова улога, тој беше гувернер на Калифорнија. На кратко, успеал како професионален бодибилдер, филмска ѕвезда и политичар. Секоја негова улога барала огромна промена, посветеност сила и тешка работа.
И ако Арнолд може да го направи тоа… Можете и вие!