Претходно
Нежност, гламур и елеганција во новата пролетна колекција на Ели Сааб
Датум: 03 фев 2014
Коментари: 0
Ели Сааб инспириран од природата за оваа пролет креирал елегантна колекција која тој ја нарекол „A Lace Garden“. Моделите се во боите на сите цвеќиња, почнувајќи од бела камелија, розова ружа, светла бугенвилеја, па сѐ до живописната зелена. Голем дел од дизајните се во комбинација со чипка и мора да признаеме дека Сааб пронашол одличен начин овој провиден материјал да изгледа дискретно и елегантно. Погледнете како овие одлични модели изгледаа на модните писти.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.