Невролозите тврдат дека плетењето е како јога за вашиот мозок
Ритмичкото темпо на плетењето си го прави своето. За време на оваа интересна активност луѓето навистина како да паѓаат во транс. Плетењето е хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а неврологијата признала дека оваа активност е како јога за вашиот мозок.
Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет, се докажало дека за време на плетењето често настанува забавување на срцето. Релаксацијата и ослободувањето од стресот се само некои од придобивките од ова хоби.
Дали знаете дека ако плетете барем 3 пати неделно, вашата анксиозност и стрес значително ќе се намалат? Исто така ќе почувствувате голем број промени во разни делови од животот:
- Се подобрува менталната состојба. Решавањето на психичките проблеми ќе ви стане полесно.
- Вниманието и концентрацијата ќе ви бидат постојани придружници.
- Ќе развиете добри моторни способности и полесно ќе извршувате некои задачи.
- Ќе се развие вашата креативност.
- Ќе имате чувство на постигнување и сигурност, а ова ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.
- Ова е едноставен начин да вежбате трпеливост.
- Вашето сеќавање ќе се подобри, а мозокот ќе ви работи многу побрзо.
Придобивките од плетењето не можат ни да се споредат со другите слични активности. Многумина веруваат дека токму плетењето им помага на постарите жени да останат присебни и да продолжат со животот. Можно е дури да се ослободите и од вашата депресија со ова хоби.