Невестинска модна недела: Прекрасни идеи за младите невести
Оваа година на невестинската модна недела во Њујорк доминираа цветните детали, започнувајќи од огромни и диви букети, па сè до цветни дизајни на венчаниците. Исто така можеа да се забележат и дводелни модели, кои се самите по себе уникатни, како и интересни црни акценти. Сите модели се едноставни, со моќни детали, па токму тоа е она што ги издвојува новите колекции. Доколку планирате да правите свадба во текот на годинава, тогаш со сигурност овие фотографии ќе ве инспирираат за дизајнирање на вашата совршена венчаница…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.