Неверојатно вкусна пита со јаболко и шумско овошје

Неверојатно вкусна пита со јаболка и шумско овошје

Одлична пита за добар почеток на неделата

(1) Неверојатно вкусна пита со јаболко и шумско овошје

Потребни состојки:
За тестото:
  • 200 грама брашно
  • 55 грама шеќер во прав
  • Прстофат сол
  • 125 грама несолен путер, ладен
  • 1 жолчка од јајце
  • 2 супени лажици студена вода
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
За питата:
  • 4 јаболка
  • 2 супени лажици шеќер во прав
  • 1/2 лажичка цимет
  • 120 грама шумско овошје
  • 1/2 лажичка пченкарен скроб
  • Сиров шеќер, за декорација

(2) Неверојатно вкусна пита со јаболко и шумско овошје

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете ги брашното, шеќерот и солта. Додадете го и путерот така што ќе го искршите на мали парчиња со вашите рацете. Направете „бунар“ во центарот на состојките и додадете ги жолчката, студената вода и ванилата. Бавно мешајте ги состојките, со помош на вашите раце, сè додека не згуснат. Не ја месете смесата, туку само обидете се да ја споите во топка. Откако ќе завршите замотајте ја со пластична кеса и оставете ја во фрижидер 3 часа.

Во меѓувреме, олупете ги и исчистете ги јаболката и потоа исечкајте ги на четвртини. Секоја четвртина уште еднаш исечкајте ја на 4 дела и потоа ставете ги во сад заедно со 2 лажици шеќер, целиот цимет и 1 лажица вода. Варете ги на среден оган, покриени, но одвреме-навреме мешајте. Гответе од 8 – 10 минути или сè додека тие не омекнат. Тргнете го садот од оган и оставете ги настрана за целосно да се оладат.

Кога јаболката ќе се оладат, загрејте ја рерната на 180 степени и во голема тава поставете хартија за печење. Сипете малку брашно на површината каде ќе работите и формирајте цврст круг од тестото, со дебелина од околу 3, 4 милиметри. Поставете го кружното тесто врз тавата. Наредете ги делчињата од јаболката во круг околу тестото, оставајќи празен простор со големина од околу 1 до 2 сантиметри од работ. Измешајте ги заедно смрзнатото шумско овошје, 1 супена лажица шеќер и пченкарниот скроб, а потоа ставете ставете ги над јаболката. Замотајте ги краевите на тестото со цел да ги покриете надворешните агли од јаболката. Оставете го тестото да се олади во фрижидер на околу 5 минути.

Поминете ги краевите на тестото со малку вода и попрскајте со сиров шеќер. Печете од 30 до 40 минути или сè додека питата не добие златно кафеава боја. Добар апетит!

(3) Неверојатно вкусна пита со јаболко и шумско овошје


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар