Неверојатно вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 3 состојки!

Неверојатно вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 3 состојки!

Се работи за едноставна, а вкусна торта која лесно се приготвува.

Неверојатно вкусна чоколадна торта за која ви се потребни само 3 состојки!

Потребни состојки:

  • 250 грама овесни снегулки
  • 450 милилитри крем за готвење
  • 280 грама темно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Исечкајте го чоколадото на ситни коцки (околу 200 грама) и префрлете го во сад.

2. Во тенџере ставете околу 400 милилитри крем и оставете го да зоврие, а потоа прелијте го со чоколадото. Почекајте да се растопи чоколадото, а потоа добро измешајте ги состојките.

3. Додадете ги овесните снегулки додека растопеното чоколадо е сè уште топло. Одново промешајте – ќе добиете густа смеса.

4. Обложете го калапот за колачи со хартија за печење или премачкајте го со путер или маргарин.

5. Смесата истурете ја во калапот и рамномерно распределете ја. Покријте ја тортата со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 3 часа.

6. За преливот, растопете го останатото чоколадо и додадете 50 милилитри крем сирење. Измешајте ги убаво состојките за да добиете еднолична смеса која ќе ја нанесете врз колачот.

7. Вратете го колачот во фрижидер да отстои околу 30 минути, па украсете со сечкано чоколадо.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за брза и вкусна торта, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за црно-бела чоколадна торта која не се пече.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар