Неверојатно видео од мејкап артистка која нанесува металик шминка на усните
Доколку ги следите модните трендови, сигурно знаете дека металик шминката е најновата мода. Но, ако сè уште не сте се осмелиле да го испробате овој изглед на вас, погледнете го ова неверојатно видео од мејкап артистката Ешли Розалес во кое таа нанесува металик кармин во различни бои.
Во видеото, Ешли користи овална четка за да ја нанесе шминката која се состои од кармин, сјај за усни и гел за усни. Таа ја нанесува шминката толку совршено, што ова видео ќе има смирувачко и релаксирачко дејство на вас. Освен тоа, ова е дефинитивен доказ дека металик усните уште долго ќе бидат присутни на модната сцена.
Иако овој начин на шминкање можеби треба да го чувате за посебни прилики, дефинитивно нема да погрешите со металик шминката, бидејќи овој моден тренд ќе направи да блеснете и ќе ви даде храбар, одлучен и уникатен вечерен изглед. Нема сомнеж дека ќе го привлечете вниманието на сите присутни каде и да отидете.
Погледнете го видеото и уживајте во совршената техника на оваа мејкап артистка.