Неверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативност
Чоколади од јагоди
Кој вели дека благото е лошо за вас? Повеќето благи работи се навистина штетни, но не и кога има јагоди или малини во нив. Помалку калорично, но многу повкусно.
Овошно еже
Дури и нешто толку обично како што е крушата може да биде послужено на попривлечен начин. Ќе ви треба само грозје и чепкалки за заби. Израдувајте ги вашите најмали со ова овошно еже.
Јагоди во чоколадна вазна
Кој човек на светот не обожава јагоди или чоколадо? Но, постои и друг начин да се комбинираат овие вкусни состојки покрај оној класичниот кој подразбира јагоди потопени во чоколадо. Изненадете го вашиот партнер со ова вкусно задоволство и уживајте во него заедно.
Сладолед од јагоди
Што може да биде поосвежувачко во летните денови од ледениот сладолед? Но, тој не мора да биде полн со шеќер – наместо тоа, зошто да не биде полн со јагоди?
Коктели од диња
Коктелот од диња или лубеница е секогаш добредојдена закуска. Дали ќе се работи за алкохолен или безалкохолен коктел, останува на вас.