Неверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативност
Торта од јагоди
Овие минијатурни тортички се исто толку вкусни колку што се убави. Одлична идеја со која ќе го направите добро познатиот вкус на јагодите посебен.
Овошни корнети
Повкусно од сладолед, но со помалку калории. Неодоливо освежување за летните денови кое веднаш ќе ви го подобри расположението и ќе ви даде енергија.
Малини со чоколадо
Искористете малку чоколадо за да ги направите обичните малини многу повкусни. Добар апетит!
Ѕвезди од лубеница
Уште една одлична идеја за сите љубители на лубеницата. За ова ремек-дело можеби ќе ви биде потребно повеќе трпение, но вложениот труд ќе се исплати.
Овошни саксии
Сѐ што ќе ви треба се малку боровинки, грозје, лубеница и неколку пластични чашки. Можете да ги комбинирате на милиони различни начини.