Неверојатно откритие: Постои една работа која мажите ја сакаат повеќе од сексот, но не признаваат
Повеќето жени сметаат дека на мажите им е најважен сексот бидејќи не постои ништо друго на светот што им носи поголемо задоволство. Но, терапевтот Стив Хорсмон ги разбива овие верувања со неговата теорија.
Хорсмон е успешен животен тренер и држи работилници за мажи кои сакаат да ги решат проблемите во нивните врски или бракови и да ги подобрат истите. По долгогодишно искуство со љубовните проблеми на различни мажи дошол до интересен заклучок кој ќе ги изненади жените.
„Жените би се изненадиле кога би ги слушнале моите разговори со мажите. Тие се комплетно спротивни од женските мислења за нив. Мажите дефинитивно не сакаат само секс. Станува збор за потег кој е помоќен од сексот бидејќи во тој момент мажот се чувствува силно и прифатено“, вели терапевтот Стив Хорсмон.
Поточно, постои нешто што им е подраго од сексот. Верувале или не, тој тврди дека се работи за нежен допир во комбинација со вербално или невербално одобрување. Кога жената нежно го милува партнерот со прстите и истовремено ја изразува нејзината доверба и поддршка, мажот се чувствува пријатно и сигурно.
Сигурно се прашувате зошто мажите не сакаат да признаат дека олку едноставна работа им е поомилена од сексот. Причината лежи во тоа што тие се сигурни дека жените никогаш не би им поверувале и само би ги превртеле очите. И покрај силната фасада, и мажите се ранливи битија кои имаат потреба од љубов и прифатеност.
Постов – глупост невидена. На сите мажи им се е… им се вришти! Овој изгледа со хомосексуалци правел муабет …